Search This Blog

Tuesday, June 21, 2011

Umilkuvanje


Ќе ги отпретам сите горештини од мојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам,
ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња,
и ќе те љубам и губам и во пoсти и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите сетила и патила,
сите светлосни преѓи песијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокнам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам,
ќе направм да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпонирам сите крадци на твоите часови.
ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.

Петре М. Андреевски

No comments:

Post a Comment