Search This Blog

Saturday, June 25, 2011

Летото е тука .... и што ?

Во ред еве вака , пoчна ова лето кое сакав да го споределам со вас , да ве убедам во мојата среќа и убав хармоничен живот , па и самата во тоа ...... фрустрации, стресови , хаос , кавги .... мажи.... нив пак мислам и премалку е ако спомнам дека ме докусурија .
Па се така си одеше “смуд”, како што би рекле нашите пријатели Американците , дури имаше и шанси за подобрување на моменталната состојба . Тоа значи оценките се подобрија и имаше големи шанси да влеземе во Европска Унија , т.е. во нешто подлабоко.
Убавини насекаде !! Дури се посомневав дека не сум јас повеќе , дека живеам живот на некоја друга. И како тоа може да трае долго кога говориме за мене. Иронија ќе беше ако убавините продолжуваа.
Ги тргам на страна сите оние професионални и домашни стресови , пак би се концентрирала на спротивниот пол ( не мислам на јужниот) Ах... тие мажи ..... ах!!! Гредајќи ги ТАА и ТОЈ од минатите епизоди мислев дека се може да се среди , дека има хармонија , разбирање и заљубивање крај на краева . Но гадно сум се лажела. Како минат годините на мажите кои се водат како СИНГЛ или самци , стануваат дефинитивно се почудни и секако и нивните односи спрема девојките кои исто се СИНГЛ. Не се разбирам во кладилници многу ама мислам дека коефициентот на сингл утакмиците е најголем . Секако се и сешто може да се случи за време на утакмицата и да не испадне очекуваниот резултат, тука може да влијае времето , навивачите , тренингот на играчите од пред утакмицата , волјата и желбата исто така. А влијае и тоа колку всушност тие сакаат да ја играат таа одредена утакмица.
Лошото за учесниците во играта т.е. врската е кога едниот ќе се откаже на полувреме и нема да сака да игра понатаму . А знаеме сам не се игра , сам само за во WC те бива . И што ќе правиш , мораш да се помириш со изборот на партнерот и да ја оставиш топката за да ја земе некој друг .
Како и да е мажите се доста себични или да употребам друг збор, ај не! Ја доведуваат жената до некоја точка во животот , и даваат сила , и даваат слобода , и даваат грижа , и даваат врв на задоволствата . Сето тоа за на крај да се пишманат , уплашат , не дај боже пак емоции да им се јават и така ја оставаат жената на врвот на кој ја искачиле и и велат , “ај сеа терај сама , јас сум до тука” . Е каде сама , сама не може да пракрикува ни љубов, ни да разговара , ниту пак да има добар секс.
А за тоа да мажите не третираат така сме си криви ние сами жените . Да признавам драги мои, сами сме криви, треба да се однесуваме со мажите како мажи а не да бидеме фини , емоционални и отворени. Треба нивната тактика да ја користиме повеќе. Дели го креветот но не и постелата. Ако само се зближуваме само со цел да добиеме добра партија секс ќе ни биде многу поубаво , и полесно секако. Завршуваш со онаа физиолошка потреба и велиш ЧАо! затвараш врата и се враќаш на секојдневието кое секако те задоволува и сама. Не ти треба некој кој ќе треба да го ислушуваш кога му е тешко или да бидеш рамо за плачење, па нека си најде некој другар за тоа . Кога би сакале да прекратиме само едноставно ќе глумиме лудило на презафатеност да му текне него дека не сакаме повеќе да се гледаме, секогаш може да се најде некој изоговор дека сексот со него ни е преку глава или пак дека тој сака да стане поблизок во врската која ние сакаме да ја одбегнеме. Сум собрала доста совети од мажите да можам сега да ги злоупотребам во обратен правец , однесувајќи се за некој од нив.
Секој ден во животов е лекција која не може да се научи во друг ден. Затоа драги мажи , држ те се , ние жените доста научивме од вас , кога тогаш и ќе научиме да го практикуваме.
Дали мислите дека пеперутките во стомакот се загубија , дека флексибилноста во врската беше битна а сега не е, дека некој глуп муабет на почетокот не мора да се помни и биде основа на целата врска ,дека со тек на време може да се смени се. Сепак времето поминато заедно мора да има некакво значење и тоа баш ако било добро поминато време. Треба ли да се осудуваме на живот во самотија ? Или треба ли да се трпиме доживотно какви и да сме? Или пак да бидеме сурови и без рамислување да го оставиме партнерот во криза?
Можеби со сето ова и се лажам , само сакав да споделам со вас , сепак , panta rei , се тече се се менува. Треба да ги дигнеме главите гордо , да речеме ВО РЕД Е! И да продолжиме да си живееме. И секако дека ќе си живееме бидејќи никогаш не треба во афектна состојба да решаваме и донесуваме тешки одлуки, се што добро се завршило останува да го помниме како добро поминато време и никако поинаку. Времето лечи ама баш се !!!

No comments:

Post a Comment