Главна ТЕФЛ методологија
1. Методи за поучување
Има голема палета на методологии и пристапи да се предава англиски како странски јазик. Ефективните наставници избираат комбинација на методи кои ќе се најдобри за нивните ученици. Следи објаснување за разни методи кои се користат,некои се користеле, адапритани или напуштени.
Граматичко преведувачки метод / традиционален метод
Во типичен граматичко преведувачки час главно значење се дава на граматиката и на преведувањето, со малку комуникациски активности како зборување, слушање или креативно пишување. Овде три главни активности се – превод на текст, диктирање на граматички дефиниции, граматички вежби. Главниот текст во секоја лекција го рефлектира граматичкиот момент за обработка. Параграфите се читаат, се дефинираат непознатите зборови, напишани на табла и препишувани во тетратките од учениците. За домашна , учениците ги препишуваат зборовите неколкупати или преведуваат текст. Граматиката се предава низ диктирање и повторување на дефинициите која следи бежбање со вежби со превод. Клучните зборови се одбираат во зависност од текстот. Зборовите се учат со нивно меморирање. Меморирањето може да се земе за вредна техника за учење, јазичните традиции се силни во Македонија.
Директен метод
Дирекниот метод се развива во областа на се изгради методологина за изучување на странски јазик како што дете го совладува јазикот. Обучувачите велат дека странскиот јазик може да се предава без превод или користење на мајчиниот јазик. Овој метод инсистира на мислење и комуницирање дирекно на целниот јазик и не дозволува превод. Училиштето Берлиц е најпознато по користење на овој метод. Четирите јазични вештини се предаваат од самиот почеток, но со специјален третман на зборувањето. Часовите обично забочнуваат со читање на глас текст кој го воведува основниот вокабулар и граматичната структура.Потоа следат вежби со конверзација, каде одговорите на учениците се со целосни одговори. Учениците потоа меѓусебно се прашуваат. Следат вежби од типот – подполнување на празнини, диктат, компонирање или вежби со слушање. Граматиката се предава индирекно , се преставуваат јазичните шеми , но не се предаваат правилата. Во дирекниот метод наставникот користи мимики, описи, реалија, визуелни помагала да им помогне на учениците да ги разберат зборовите и граматиката.
Аудио –јазичен метод
За време на втората светска војна ,војската сакала да ги научи своите војници да научат повеќе јазици. Силно се користело слушно-говорното обучавање. Овој метод се развил од тие програми на војската. Се вреува дека учењето странски јазик е едноставно процес на механичка навика на прибирање информации. Во овој метод вештините се учат по природен пат – слушање, зборување, читање и пишување. Аудио- јазичните часови почнуваат со дијалог кој е вовед во лекцијата. Учениците го меморираат дијалогот и потоа ја вежбаат граматичката структура. Не е дозволен превод. Учењето е цврсто контролирано од наставникот.
Заедничко учење на јазикот
Целта на овој метод е да се инволвира целосно во личноста на изучувачот. Благосостојбата меѓу чувственото и личностното се дадени еднакви . наставникот се смета за помагач и поддржувач на изучувачите , кои се клиентите. Наставникот треба да ги разбира стравовите и ранливностите на ученикот додека се бори со совладувањето на другиот јазик. Од големо значење е врската мегу наставникот и ученикот. Се фокусира повеќе на слушање и зборување. Граматичките правила се даваат само кога им треба чувство на сигурност и контрола врз ситуацијата. кратките соджини и материјалите се креирани од изучувачите. Овој метод најдобро функционира во клубови по англиски јазик, селски училишта или возразни групи.
Целосен физички одговор и Природниот пристап
Целосниот физички одговор е метод изграден врз координација на говорот и дејствието. Овие два метода налагаат да изучувачите прво го слушаат и разберат јазикот пред да го зборуваат. Јазичните вештини се предаваат прво слушање, па зборување, читање и пишување. И двата методи веруваат дека јазикот е стекнат , не се учи. Тоа значи дека изучувачот го стекнува јазикот низ процес кога го користи за значајни цели. Мајчиниот јазик ретко се користи во овие методи. Значењето се доловува со мимики, цртежи и сл. Овој метод исто така ги мотивира учениците и им ја зголемува самодовербата.
Предавање на јазик со комуникација
После 1960те се забележало дека начинот на учење сатрански јазик не е добар. Изучувачи утврдиле дека јазикот треба да се учи од различни социолошки ситуации ако некој би емигрирал во друга држава. Па се заклучило дека јазкот треба да се учи така да ученикот би се изразил во разни ситуации. Овие заклучоци имале голем удар на предавањето на англиски јазик како странски. Наставници и креаторите на наставни програми почнале да гледаат содржини и за тоа каков јазик е потребен кога се поздравуваме или пазаруваме. Нагласено е експлицитно изучување на граматиката или вежбање граматички шеми кои се во помош на изучувачот кога би го користел јазикот во секојдневието. Да се добие комунијација е главната цел на овој метод . Неколку други модели се вклучиле во овој принцип – комуникативниот пристап, физичкиот одговор, природниот пристап, и пристапот на компетентност.
Во комуникативниот пристап учениците стануваат компетентни да го користат јазикот во даден контекст или да се снајдат во процес на преговарање. Учениците учат преку активности во училницата кои се поставени како вистински комуникациски случаи. Активностите се комуникативни и кога тие имаат цел како да се подполни празнина и кога говорителите имаат избор што и како да се каже. Тие добиваат повратна спрега од слушателот кој ќе ја потврди нивната комуникациска цел. Овде често се користат автентични материјали и учениците работат во мали групи. Нагласено е развивањето мотивација да се научат важни икорисни нешта од јазикот.се охрабрува индивидуалноста, како и кооперација со винмателното разгледување, кои допринесуваат емоционална сигурност во целниот јазик. Целта на изучувањето на јазикот е да се научи да се комуницира.
Лингвистичната компетентност мора да е во пар со способноста да се навлезе во значењето на различни социални контексти. Невербалното однесување и култура се дел од секојдневието и јазик . Јазичните структури се нагласени со граматички форми во комуникативни училници.
2. Преглед на јазичните вештини слушање и читање
Слушање со разбирање
Зборување со разбирање
Читање со разбирање
Пишување и да се биде разбран од читателот
Слушање
Слушање, кое значи внимавање и разбирање на она што го слушаш, е неопходна вештина за комуникација. Помошта од вежбите со слушање е да учениците се подготват за влез во вистинскиот свет.
А. Одбери присвојлив материјал важно е да се разбере разликата меѓу автентичен и подготвени материјали за слушање. Автентичниот материјал за слушање се попредизвикувачки од материјалите кои се специјално подготвени за изучувачи на јазик. Материјалите често се за одредено ниво, може да вклучуваат аудио касети и учебници кои одговараат на нив, и е лесно да се повторува по нив бидејќи се планирани или вежбани. Во вежбите со слушање , се очекува учениците да се успешни и ја градат својата самодоверба.
Б. Внимавај на различни стратегии и цели на слушањето не слушаме на ист начин соопштение на аеродром како лекции, вести на радио или разговор со пријател. Земи ги в предвид овие разлики кога ќе избираш задачи со слушање за своите ученици. Зацврсти ги целите на слушање па може да се подготвиш за активности. Секогаш давајте на учениците специфични причини за слушање и специфични информации да се слушнат. Цели на слушање може да се...
1. за суштината ( или глобално рабирање)
2. за спцифична информација ( известување на аеродром)
3. да се зацврсти контекстот ( каде се случува? Што се случува? Кој со кого зборува? )
4. да се собира информација за подоцнежна дискусија, улоги или размена на информации
В. Подготви соодветни задачи за слушање . главната функција на вежбите со слушање е да им ја зголемат самодовербата на слушателите и да го подобрат својот слух.треба да се има в предвид да задачите не се претешки и јасни.
Г. Планирање на лекција за слушање етапирање на активностите и класифицирање на целта на етапите се две важни нешта кога се креира лекција со слушање. Десет епапи се вклучени и тоа:
Пред –слушање
- Загревање
- Ако е потребно , учење на клучниот вокабулар да се обезбедат учениците со предзнаење да ја изработат вежбата успешно.
- Да се обезбедат прашања / задачи за разбирање да се мотивираат учениците да имаат интерес за темата на слушаното.
Слушање
- Слушање на сниманиот материјал за прв пат
- Работа во парови на учениците и прашања да се дискутира темата или прашањата да им се помогне на учениците да бидат сигурни и самоуверени пред второто слушање и задача.
- Слушање на материјалот по втор пат со поспецифична причина/задача за слушање.
После слушање
- Да се обезбеди време за учениците да одговорат на специфични прашања или да исполнат некоја вежба. Додека учениците се зафатени наставникот треба да кружи низ училницата и да наблјудува како напредуваат.
- Да ги кажуваат одговорите пред целиот клас
- Да им се дадат активности кои следат за да се фокусираат учениците на специфични активности на слушнатиот текст
- Оценување на работата на учениците
Читање
Има многу видови на читање, и затоа многу разни вештини на читање и стратегии кои украинските студенти мораат да ги совладаат за да бидат подобри читатели на англиски . наставниците треба да запомнат дека :
- Луѓето имаат различни стилови на читање
- Има различности во целите на читање
- Успешите читатели вложуваат различни стратегии на читање во зависност од целта на активноста.
Наставниците треба да се подготвени да се соочат со потешкотии во читањето на учениците, посебно за изучувачите на странски јазик. Трба да имаат подготвено техники за помош при потешкотиите на учениците. И треба квалитетно да се подготват часовите за ефективни лекции со читање.
Вештини за читање според ниво
Слаби почетници би требало да:
-препознаваат букви и интерпукциски знаци
-Да препознаваат напишани зборови
- да читаат секојдневни задачи
- да читаат едноставен текст
Посилни почетници и од средно ниво ученици би требало да:
- Прегледуваат текст
- Да ја вадат главната идеја
- Да ги разберат редоследот на настаните
- Да го погодат значењето на зборовите
- Да интрепетираат текст на средно ниво на тежина
Високо средно ниво и напредно ниво на ученици треба да :
- Да ја откријат целта на авторот
- Да ја разбираат логиката меѓу деловите во текстот
- Да го оценат текстот
- Да читаат текстови од напреднато ниво
А. Да се избира и адаптира текст. Слично како кај вежбите со слушање, важно е да се разбере разликата меѓу автентичен и подготвен материјали за читање, и избраниот материјал да е интересен за или во врска со учениците.
Б. Одлучи која вештина на читање ќе се фокусираш на твојата лекција :
- читање на јасна информација
- брзо пречитување
- ограничено значење на зборовите
- разликување на главната идеја и споредните информации
- оценување на точноста во изјавите со текстот ,разликување на фактите и мислењата
- читање да се открие заклучувачката информација
- изложување на кратко
- парафразирање
- категоризирање на информациите да се користат во друг контекст
- Откривање на гледиштето на авторот – согласување или несогласување со него
В. Одбирање на соодветни активности за читање . Главната гфункција на активностите за читање е да им помогне на учениците да се здобијат со самодоверба на нивните вештини за читање на информации ( и за задоволство). Активностите за читање кои ќе ги одберете треба на учениците им имаат смисла и знаат што читаат. Осигурајте се дека инструкциите се јасни, фокусирани и не претешки.
Г. Планирање на лекција за читање. Повеќето наставни планови имаат неколку дела : 1. Мотивација, загревање , 2. Презентација, 3. Вежби, 4. Евалуација. Во читањето , треба да се вклучат пред-читачките вештини да се активираат учениците со своите знаења и интереси. Ова е проследено со водена активност за читање а потоа самостојно читање. Повеќето наставници би направиле задача за учениците додека читаат и потоа следат додатни вежби за вокабуларот, развивање на вештината за читање или содржина на дел од текстот.
Активности пред-читање
- Предпоставка за што се работи во текстот користејќи наслови , подвлечени зборови ,слики и др.
- Вежбање на учениците што би можеле да најдат во текстот
- Прашања да се фокусираат учениците на одделни делови од текстот
Активности додека се чита- Задачи кои наставникот ги спремил за учениците да се подполнат додека се воведува или објаснува пред да учениците почнат да читаат. Задачата треба да се базира на вештините кои наставникот сака ученикот да ги користи за време на лекцијата. На пр. Учениците можат да се прашаат да : а) да ги поврзат зборовите со дефинициите, б) да бараат одредена информација , в) да ја подвлечат главната идеа, и т.н. учениците може да ја завршат задачата сами, во парови или во мали групи.
Активности после читањето . Од кога учениците ке го прочитаат текстот и се дискутираат задачите за после прочитаното , лекцијата може да продолжи во вежби и проширени активности. Некои наставници се подпираат на познатите вежби како што се вистина/лага, повеќе изборни одговори, кратки одговори на прашања. Учениците ги завршуваат задачите од наставникот и целиот клас ја проверува точноста на одговорите. Следниот дел е додатни активности.
3. преглед на јазичните вештини: зборување и пишување
Зборувањето и пишувањето често се сметаат за продуктивни вештини. Кога се зборува и пишува, учениците треба да ги организираат нивните мисли и зборови усно или писмено. Тие го продуцираат јазикот да може да се слушне и прочита.
Зборување
Зборувањето е способност да се комуницира и прави конверзација на странскиот јазик. Зборувањето вклучува три аспекти на знаење:
- Механичка ( изговор, граматика , речник )
- Функционална ( превод изаемно дејство )
- Социјални и култирни правила и норми ( брзина на говор, должина на паузите меѓу соговорниците , заемен однос на учесниците )
Ученик кој има добри бештини за зборување може да демонстрира следново :
- Разбирање и комуницирање со информација од едноставни потреби до доста комплицирани информации
- Јасно зборување , звучно и користење на соодветен јазик
- Зборување ефективно за лично искуство
- Одговарање на мислења на други и способност да се разликуваат аргументи, мислења и барања за информација
- Зборување со соодветен тон во различни говорни ситуации
- -организирање и презентирање на мислења , идеи и факти
Лекциите за зборување обично комбинираат четири стадии:
Елицитинг значи да се вади информација од луѓето како и да им се дава – прашување, како и создавање конверзација. Целта е да се презентира или повтори јазикот кој учениците ке треба да го знаат за да ја контролираат ситуацијата. Ова им помага на наставниците да развијат вештини и да ги стимулираат учениците да зборуваат. ова може да се прави со мимики, реални објекти, визуална помош од слики, картици ,видео снимки и предмети.
Контролирана усна вежба од дел од јазикот често се фокусира на точност. Дозволува учениците да добијат подобра команда врз јазикот. Наставникот треба да ги обезбеди учениците со модел на реченица или вежба за слушање пред да ги праша за одговор. Тоа би одело во следен ред: Повторување, ехо прашања, прашања и одговори, помош,комбинирани реченици, синџир, диалози.
Вежби со водење активности кои симулираат реална комуникација. Наставниците исто така можат да го промовираат јазикот низ игри па учениците би биле слободни да играат со јазикот во учимницата во безбедна средина. За време на игрите учениците користат повеќе од јазикот слободно без да се грижат за грешки. Овие активности со насоки им даваат можност на учениците да го вежбаат јазикот почесто и по слободно. Аите овие активности создаваат мост меѓу контролираните усни вежби и недостатокот на комуникација.
Комуникациски производ активностите ги охрабруваат учениците да продуцираат јазик потечно и покреативно во ситуации кои се блиски до реалноста. На оваа фаза учениците го користат јазикот , кој и да е, на нивна команда. Во овие активности, учениците работат да развијат пла, да решат проблем или да завршат задача.
Пишување
Пишувањето е комуникациска вештина која бара од студентите да комуницираат преку своите идеи искажани на хартија, компјутер, или друг медиум. Пишувањето помага на учениците да ги развијат следните знаења и вештини
- Механички (графички системи, спелување, пишување со големи букви, интерпукција итн.)
- Граматика (правила за правилно изразување, договори, написи, синтакса, итн)
- Организација (процес на пишување, структура на параграфи, есеи/извештаи, итн)
- Развивање на содржина (цел, публика, избор на зборови, стил, итн)
Исто така со слушање, зборување, и читање, учителите за пишување треба да им помогнат на студентите да научат различни форми на пишување за различни цели. Некои задачи би се фокусирале на креативноста, додека други би биле фокусирани на чистина и точност.
Во училницата на ТЕФЛ, најчесто се користат два начина на пишување: (1) контролирани и насочени вежби и (2) комуникативно, автентично пишување. Многу од наставниците би користеле приод преку следниве процеси на пишување -
бомбардирање со идеи, скицирање, едитирање, ревидирање и објавување.
Контролирана и наведувана вежба за пишување
Главната цел за наведено пишување на почетните нивоа на учење на Англиски јазик, е да се помогне на студентите да научат нови зборови и структури, и да го фокусираат целото внимание на она што го учат. Во комуникативните училници, учителите ги охрабруваат студентите да одат подалеку од механичко копирање, затоа им поставуваат задачи кои бараат од нив да размислуваат и да додадат нешто од нив самите. Затоа, активностите за наведувано пишување на почетните и високо-почетните нивоа се базирани на користење на докази, информации, или водечки и служат како полезен начин за студентите да изградат самодоверба во нивните вештини за пишување. На ова ниво пишувањето вообичаено е контролирано, за да може студентите коишто не се освоени со празен лист или многу избори коишто водат до грешки и фрустрации.
Примери за пишани активности за почетни и високо-почетни нивоа
- Пребарување на букви, зборови, и реченици. Учениците користат молив за да ги пребаруваат буквите и зборовите напишани со прикладна големина и форма.
- "копирај и промени" На учениците им се дава да препишат параграф и тие треба да сменат еден аспект во него
- "Дешифрирање на збркани делови од реченица" На учениците им се дава листа на зборови и се бара да формираат реченица.
- Модел на реченица. На учениците им се дава модел на реченица на таблата и од нив се бара да се напишат слична вистинска реченица за себеси.
- Формирање на реченица. На учениците им се даваат предмети или поими да формираат реченици.
- Прост диктат. Учениците го слушаат наставникот потоа пишуваат за да ја комплетираат реченицата
- Заменливи табели. Од учениците се бара да користат зборови во табела за да напишат најмалку десет точни реченици.
- Прашања и одговори. Со давање на релевантни прашања, со свои зборови учениците даваат одговори за себеси.
4. Предавање на лексика (нови зборови)
Предавањето на лексиката значи предавање на новите зборови како и нивно користење во други ситуации и контекст. Лексиката обично се предава на три начини во училницата :
- Како што излегува, како откривање
- Додека се чита или слуша
- Од јасни инструкции од лексиката
Ние разликуваме два вида на лексика : активна и пасивна. Активната е онаа која ги вклучува зборовите кои учениците ги користат и ги разбираат самите. А зборови кои наставниците сакаат да учениците ги разбираат а можеби нема да ги користат е пасивна.
Обновен е интересот за лексиката, но тоа не значи дека наставниците треба да даваат да се меморира дадена листа на зборови. За повеќето наставници презентацијата на новите зборови е кратко и едноставно , само со нивни превод на мајчин јазик. Кога непознат збор ќе се јави во текст или дијалог, наставниците може да ги прашаат учениците да користат заклучоци од смислата, сродност или анализа да се погоди значењето. Важно е за учениците да ги учат сите нови зборови и дека не се тие еценцијални за разбраното значење во тој текст.
Презентирање на активна лексика - цели на наставникот
- Осигурајте се дека учениците го препознаваат зборот
- Разбирање на зборот
- Точен изговор
- Правилно користење
Презентирање на сцена:
Одбери 7-14 нови зборови од специфичен контекст како што е параграф од прочитано или слушнато. Земете ја во обзир темата и текстот да се активира знаењето на учениците. Внимавајте на веќе познатата им лексика , и потоа
- Измамува или изведува нов збор
- Пренесување на значењето на новиот збор. Користејќи клучови, сродност или анализа на зборовите. Се преведува кога точноста е поважна од зборот.
- Провери дали учениците разбрале значењето низ прашања
- Модел на изговорот ( вклучувајќи и слоговите и акцентот)
- Повторете ги сите овие чекори со соте клучни зборови ( највеќе 7-14)
- Учениците ги препишуваат новите зборови
- Учениците вежбаат да ги кажуваат новите зборови покажувајќи дека го разбрале зборот во контекст на реченицата.
.
Техники за презентација на лексика:
- Презентирање на значењето на новата лексика користејќи:
- Реалија ( се што се наоѓа во училницата, мебел, облека, делови од телото) некои работи можат да се носат и од дома.
- Слики/ флешкарти/ скици ( наставникот црта на таблата или се подготвува пред часот)
- Јазик на телото , мимики, активна демонстрација ( наставникот може да се користи со мимики, дејствија или изрази на лицето)
- Примери на видот или на зборот во контекст ( мини приказна/анегдота)
- Дефиницја /објаснување
- Комбинација на различни техники
- Речници ( учениците се користат со речник да го проверат значењето)
- Директен превод ( да биде колку што може во мали мерки)
2. Преставување на формата
- Дадете модел на изговор на нов збор ( вклучувајќи слогови и акцент)
- Нека учениците го слушнат и повторуваат во хор 2-3 пати. Некои ученици имаат бенефит од воздушното пишување( со прст во воздухот се испишува зборот додека се изговара) .
- Ако има желба, може да прашате некои ученици да го повторат новиот збор индивидуално (ефектот би бил подобар ако секој има шанса да го изговори сам)
- Напишете го овиот збор на табла и фокусирајте се на пишувањето и препишувањето
- Презентирајте го текстот пак и нека учениците ги подвлечат научените зборови. Прашајте ги за слични зборови кои би ги замениле нив во реченицата.
3. Проверето го значењето на новите зборови прашувајќи прашања. Тие ќе им помогнат на учениците да утврдат дали навистина ги разбрале зборовите и исто така че доведат до вежбање на јазикот. Некои наставници ги повторуваат зборовите со игри, загатки, песни, слики или преку дејствија.
No comments:
Post a Comment