Жените имаат многу работа кога се подготвуваат за излегување, нели?
Па морав сега прво да ставам крема на лицето , па пудра која би го скрила уморот на него. Очите не ги сакам баш многу и не ѓи оцртувам премногу. Секогаш се задржувам повеќе на усните. Фино ги оцртувам со црвено моливче и сјај за усни кој ја доловува нивната сензуалност. Пак се погледнувам во огледалото правејќи чекор назад. Задоволно се насмевнувам. Да сраги мои жабата стана принцеза! Со силно срцебиење , бозбудена излегувам.
Тропкајќи по улиците се наближувам кон еден од познатите велешки кафичи , каде што имавме закажано средба. Си дозволив да закажам средба таму познавајќи ја девојката која работи во шанкот, за да се чувствувам , не знам зошто , посигурно.
Влегувам во кафето и уште од вратата со поглед го барам него.Те нема внатре!?!
Јас ли сум рано , или пак ти имаш навика да доцниш? Ох колку го мразам ова, глупава ситуација! Влегов веќе , нема назад. Ме погледна девојката зад шанкот и ми се насмевна, ми понуди да седнам. Па си реков или сум јас рано , или ти имаш навика да касниш, ќе седнам на шанкот и ќе си разговарам со девојката додека дојдеш. Но седејќи таму сама се почувствував малку незгодно, за жена сама да седи во бар во овој наш мал град не е баш убаво. Знаете велешани одма пуштаат муабети!
Чекав така , седејќи на шанкот, порачаав срвено вино. По малку од виното и една цигара , нервозно погледнав во часовникот и нервозно се запрашував каде ли си?!? Се мислев ,дали да се осудам да ти се јавам за да видам што се случува. Го држев телефонот во рака уште десетина минути чудејќи се. Секоја друга , би си заминала, но јас сакав да ти дадам шанса, навистина. Почнаа клиентите што доаѓаат да ме погледнуват зачудено со поглед кој вели што ли бараа оваја сеа сама тука? Јас упорно избегнував да некој ме погледне во очи за да не добие храброст да ми пријде. Го испив виното , неколку пикавци во пепелникот. Чекам барем да се јавиш и да речеш Идам ! Чекај! Но телефонот како за белја не ни трепнува.
Се осудив јас да засвонам . Го слушнав твојот задишан глас , од другата страна на линијата кажа – Извини, ми излезе деловен состанок, воопшто немав шанса да ти се јавам порано да те известам, ако си волна уште почекај ме за пола час треба да стигнам –
Воздивнав тешко и реков силно – Не! Јас си одам! Доволно беше и ова време што залудно си го потрошив!
Ја голтнав последната голтка вино, ги фрлив цигарите во ташна и си реков „ не ми било судено ! “ иронија на судбината! И се насмевнав на шанкерката, догнав рамења , реков – ништо од мојот состанок.
Се чуствував извисено , така дотерана , прекрасна , со глава полна лоши мисли и голем прашалник. Зошто ли ? бев сигурна дека лаже. Земав такси и заминав дома, а таму ме пречекаа чудни погледи, но ја фрлив само облеката од мене. Толку внимателно подготвување за што ? легнав лута на креветот. Си помислив, сошто вака заврши мојот несуден состанок. На сила заспав мислејќи што се можеше да се случи!
No comments:
Post a Comment