Search This Blog

Tuesday, June 21, 2011

AKO ( IF )

ако можеш да ја сочуваш главата кога
ја губат сите
а те обвинуваат тебе,
ако можеш да веруваш во себе кога сите се
сомневаат во тебе
но да им дозволиш да се сомневаат,
ако можеш да чекаш , а да не се умориш
од чекањето
или да слушаш лаги,а во нив да не
учествуваш,
или да те мразат , а да не дадеш повод за омраза,
и пак да не изгледаш премногу убаво,
ниту да зборуваш премногу мудро,
ако можеш да сонуваш - а соништата
да не загосподарат со тебе
ако можеш да мислиш,
но мислите да не ти станат цел,
ако си во состојба со
Триумфот и пропаста,
а кон нив да се однесуваш подеднакво
ако можеш да ја поднесеш вистината која
си ја изрекол,
вистината која лошите ја изопачиле
за да ги измамат луѓето,
или да ги гледаат работите на кои си им
го посветил животот- скршени
и да се наведнеш да ги поправиш со истрошен алат,
ако си во состојба да ги собереш сите свои
победи и да ги
ризикуваш во еден круг на паричето,
и изгубиш и
појдеш повторно од своите почетоци,
а за загубата никогаш не изустиш ниту збор,
ако си во состојба да го присилиш срцето ,
нервите и мускулите да
ти служат долго откако повеќе ќе ги нема
и да продолжиш така кога во тебе
исчезнало се,
освен Волјата
која едноставно им наредува "Продолжете!"
ако можеш да зборуваш со масата, а да ја
задржиш честитоста
или да одиш со Кралевите - а да не ја
изгубиш обичноста,
ако сите на тебе можат да сметаат, но
никој премногу,
ако непростливата минута можеш да ја
исполниш со долго бегство од шеесет секунди,
Твоја е земјата и се на неа
и уште повеќе
ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК!

R.Kipling 

No comments:

Post a Comment